Сончев зимски Прв до врв на Свети Трифун

Групата спортисти и рекреативци обединети околу идејата Прв до врв, во саботата го одбележа Свети Трифун со ново искачување до врвот на Водно.

Околу 300 планинари и велосипедисти го посетија Водно и се собраа на врвот на планината со чаша вино симболично да го одбележат денот на светецот на виновата лоза. Убавиот сончев и топол ден како и бројната посетеност од страна на скопјани направија прекрасна атмосфера на платото пред планинарскиот дом на врвот на Водно.

Прв до врв на Свети Трифун беше вториот од серијата настани најавени од организаторите на ова популарно и масовно движење, кои се организираат секој месец по одреден повод.

Следниот Прв до врв ќе се одржи на 22 март во чест на почетокот на пролетта.

Прв до врв е спортско-рекреативен настан кој се организира еден ден во годината и на кој неколку илјади планинари и велосипедисти се натпреваруваат кој ќе стигне прв до врвот на Водно. Трките имаат масовен карактер и ги обединуваат скопјани во идејата за спортско и рекреативно уживање на планината Водно. Оваа година главниот настан е закажан за 24 мај.

Пријатели и помагатели на Прв до врв посветен на Св.Трифун беа винаријата Тиквеш и еко-партнерот Пакомак.

Настанот го организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија