Со точак до Драмски и до гратис билет

Директорот на Драмски, Роберт Вељановски и уметничкиот раководител, Рубенс Муратовски, на социјалните мрежи објавија интересна акција за да ве извадат од автомобилите…

Секој што ќе се појави со својот двотркален љубимец пред билетарата на Драмски ќе добие гратс билет за вечерните претстави. А за оние кои ќе дојдат од друг град следуваат гратиси до крајот на годината. 

Акцијата има за цел да ги мотивира граѓаните на Скопје да го користат велосипедот како превозно средство откако градот се најде врвот на листата на најзагадени во Европа.

  • „Публико, среќни сме што Ве имаме…без Вас ние, актерите, немаме причина да постоиме. Затоа… Со велосипед во театар?…Зошто да не?…Еве вака, секој оној кој со велосипед ќе дојде во Драмски, Вашиот Драмски, ќе добие бесплатен билет!…Од денес, па до крајот на овој месец!!! Велосипедот ќе го оставите на безбедно, ние ќе се грижиме за него. Знам дека нешто мора да сториме за поздрав живот. Штом е така, да започнеме од нас самите…Со точак во Вашиот Драмски!″ 

Напиша на својот профил Рубенс Муратовски.

Бујрум репертоарот ТУКА

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија