Наслов

СО ПОМОШ НА MOK - НАЈДОБРИТЕ МЛАДИ ВЕСЛАЧИ ОД МАКЕДОНИЈА НА СП ТРАКАИ 2017

Македонскиот олимписки комитет во соработка со Веслачката федерација на Македонија во целост ги покри сите финансиски трошоци за 5 (пет) члената млада македонска веслачка репрезентација во однос на нивното учество на младинското Светско првенство кое од 2 до 6 Август ќе се одржи во Тракаи (Литванија), а на кое ќе учествуваат повеќе од 700 веслачи од 59 држави ќе учествуват.

Младата македонска веслачка репрезентација е од 26 Јули во Тракаи каде учествуваше на кампот на ФИСА (Меѓународната веслачка федерација), каде што младиот македонски тернер Марио Јованоски, помогнат од своите колеги од САД и Словенија, Џон Паркер и Јан Илар, заедно работеа на подобрување на формата и техниката на нашите млади спортисти, а денес попладне ќе се одржат и натпреварите на кои ќе ја видиме формата на младите македонски веслачи.

Магдалена Карамитерска и Ксенија Крањевска ќе настапат во дубл скул (15:09 часот), во дисциплината скиф, Никола Аџиоски ќе настапи во 16:06, а Ана Димоска во истата дисциплина ќе настапи во 16:39 часот.

Веруваме дека овој прекрасен спорт со наша заедничка поддршка повторно ќе заживее и дека на македонското веслање му претстои светла иднина.

03 Август 2017

За авторот