Со помош на „Кладилници” до стариот сјај

Група од 100-тина навивачи на Глазгов Ренџерс пронашле најбезболен начин за да го вратат сјајот на нивниот омилен куб откако истиот беше преселен во понизок ранг поради финансиска криза.

Идејата на младите сонувачи, ако можеме така да ги наречеме се состои во континуирано обложување на натпревари кои секој викенд се обележани како дуели со висок ризик по сопствениците на обложувалниците.

Иницијаторот на спортското обложување и типување Дарен мек Грегор во изјава за неколку локални Шкотски медиуми вели дека е сигурен во планот со кој сакаат да стигнат до голема сума на пари со кои би му помогнале на Ренџерс што поскоро да се врати во првата лига и со тоа да атакува на титулата во Шкотскиот фудбалски шампионат.

Според Дарен во моментов групата од фанови за „Спас на Ренџерс “како што и самите се нарекуваат има 42 000 илјади евра на сметка а до крајот на оваа натпреварувачка година сакаат сумата да ја зголемат до половина милион евра.
Браво момци, честитки за идејата и среќно. Можеби ќе ве посака таличноста на спортот па ќе успеете во својата хумана намера.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија