Смартфонот на рачно зглобче

Нема веќе брцање во ранец или по џебови за телефонот додека спортувате, возите точак или сте на некој срт. 

Како што расте активната популација на луѓе загреани за адреналин, спорт, тренинг, рекреација, активен одмор,  толку повеќе се создава потреба да се решат некој ситни проблеми кога се во прашање смартфоните и нивната употреба за време на овие активности. Да, не е удобно постојано да брцате по џебови, во ранец  или да возите велосипед со една рака додека зборувате на телефон.

Дев Моушн е фирма која произведува аксесоари за смартфони а нивниот последен изум е  iStick Playtime. Оваа направа во форма на рачен часовник ќе ви овозможи да го контролирате вашиот смартфон.  

Саатот се конектира со смартфонот преку Bluetooth 4.0 и му овозможува на корисникот да одговара на повици и директно да влезе во менито за да ги употребува останатите функции на телефонот. Овој гаџет е водоотпорен, не можете да го изгребете и без проблем можете да го употребите на температура и до -10 целзиусови степени.