Skydiving технологија

Во изминатите неколку ски сезони канадската компанија Recon Instruments постојано ги усовршуваше своите GPS наочари за скијање кои во реално време даваат информации за брзината, растојанието како и други клучни показатели. Но, компанијата отиде чекор напред така што сега и официјално ја пренасочи својата технологија кон skydiving, BASE jumping и wingsuit flying.

Можеби и не е случајно тоа што тајмингот за лансирање на една ваква технологија се поклопи со времето кога вниманието на целиот свет беше фокусирано на историскиот скок на Баумгратнер. Сепак Reacon револуционерно го најавува својот нов Flight HUD систем.
Исто како наочарите за скијање и HUD наочарите имаат монтиран дисплеј кој ги користи сензорите од GPS, алтиметар и акцелерометар за да ја пресмета брзината, височината и односот меѓу растојанието на летот и падот.
Дисплејот се наоѓа на дното од стаклото, и темелно е тестиран од професионални скајдајвери.

Ако сте скајдајвер, овие наочари имаат потенцијал да го променат вашето летање во воздухот засекогаш. Со нив не само што ќе бидете во можност да видите каде се наоѓате, туку исто така ќе бидете во можност да ги прилагодите вашите движења во реално време! објаснуваат од Reacon.

Секако, компанијата предупредува дека наочарите не се безбедносен уред кои ќе ги заменат алтиметрите што скајдајверите веќе ги користат. Flight HUD се наменети да информираат, не да заштитат.

Reacon ги пушти наочарите во предпродажба и побара од заинтересираните купувачи да платат 349 долари со цел да ги искористат за понатамошен развој на софтверот. По само неколку дена веќе е постигната бројка од 250 нарачки, што значи дека сигурно ќе се оди понатаму со развојот на Flight HUD.

Бидејќи таргет групата на овие наочари е мала, истите нема да се продаваат во малопродажба, туку ќе бидат достапни само со претходна нарачка.