Скот Јурек – „Апалачи треил ме здроби“

Викендов ултрамаратонската легенда Скот Јурек после 46 дена, 8 часа и 7 минути успеа да ја заврши патеката Апалачи која се наоѓа во североисточна Америка и е долга околу 3500 километри. Иако Скот имаше цел новиот рекорд да биде за околу 5 дена подобар од стариот, тој испадна дека е само 3 часа подобар што кажува за големината и тежината на самата трансверзала, но и за големината на Џенифер Фар Дејвис, девојката која го држеше претходниот рекорд.

За време на овој период Скот просечно минуваше по 80 километри на ден на кои заработи повреда на коленото, проблеми со грип и грчеви во мускулот на натколеницата. Сепак, и покрај екстремно големите телесни напори тој успеа да ја мине оваа патека. 

Во интервју за Mens Journal тој дава краток осврт на трансверзалата, за неговата моментална состојба и за неговите планови за иднината. 

Колку навистина беше тешка рутата Апалачи?

Ова беше најтешкото нешто што сум го направил во животот. Направив и истражување на ова поле пред да тргнам, но навистина не можеш да дознаеш колку екстремног тешко е се додека не почнеш да го правиш. Последните 15 години ги минав на западот во Роки Маунтинс, но сум бил и на северозападот каде ги имам искусено Каскадните Планини и патеката Пацифик Крест (од јужната граница со Мексико до северната со Канада) и сепак, Апалачи ме здроби. 

Стрмните патеки на југот, и недостатокот на ритам за време на движењето како што се приближував северно, корењата и камењата, калта – Апалачи е патека каква што досега немам доживеано. Повремено беше буквално како да одиш надолу по канал. Не беше само до корењата и камењата на патеката, беше како да се спушташ по водопад кој во него има многу малку вода. Имам сосема друга почит за источните тркачи. 

Како оди опоравувањето?

Јадам многу, се обидувам да ги вратам изгубените калории во телото. Генерално се чувствувам слабо, преморен сум. Стапалата ме болат најмногу. Толку беа навикнати на движење, а јас бев навикнат да бидам во исправена положба директно на нив што не ни осетив колку беа болни се додека не запирав со движењето. И ми фали сон, дефинитвно. Една од најтешките работи за да се сруши рекордот беше токму тоа што требаше да трошам што повеќе време на патеката, а тоа значеше помалку сон. Освен тоа имам неколку плускавци, мал проблем со еден нокт, но не сакам многу да се жалам, телото ми е супер. 

Што беше најтешко?

Во почетокот, на Грејт Смоуки Маунтинс имав проблеми со коленото, а потоа го истегнав мускулот на надколеницата. Преминав од солидно темпо и одлично чувство на справување со потенцијално откажување на шоуто, што ми пада навистина тешко. Само што се опоравив од повредите вистински предизвик беа Белите Планини во Њу Хемпшир и планините во Мејн.

Пред тоа, во Вермонт беше екстремно калливо од дождовите, имав грип и проблеми со стомакот што ја отежнуваше мојата шанса да ги поминам Њу Хемпшир и Мејн. Планините тука ќе те изедат жив. Успоните, камењата и корените беа потешки за трчање и движење воопшто (во некои делови не беше возможно да се трча) од било која планинска патека што сум ја трчал досега. Плус ми фалеше спиење, бидејќи понекогаш спиев само по час до час и половина. Иронично, иако Белите Планини и Мејн беа мој најголем пад, сепак заедно со Грејт Смоуки Маунтинс во Тенеси се едни од најубавите делови од оваа патека.

Се шушка за пензионирање, што е следно?

Има некои авантури во кои планирам да се впуштам, но што се однесува до подвизи од овој обем, мислам дека ми беше доволно. Земете во предвид дека зборуваме два дена после финишот и сè уште се е свежо и сирово, можеби за некое време ќе добијам поинаква перспектива. Сега за сега, едвај чекам да се вратам на планините во Колорадо, да трчам низ тамошните шуми, без притисоци и без ограничувања. Само да трчам.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија