Викендов следи обидот за „под 2 часа” маратон – и зошто истиот нема да успее

Викендов напоредно со Скопскиот Маратон во Скопје, во Монца, Италија екипа елитни маратонци спонзорирани од Најк ќе се обидат (во контролирани) услови да ја срушат бариерата од 2 часа за маратон. Подоле следат некои експертски гледишта на проблематиката која моментално изгледа како апсолутно недостижна земајќи го фактот што моменталниот рекорд е скоро цели 3 минути „поспор”  од тоа.

Пред извесно време Најк го објави својот најнов проект Breaking2 во кој елитните тркачи Елиуд Кипчоге од Кенија, Лелиса Десиса од Етиопија и Зерсенај Тадесе од Еритреа ќе се обидат да ја урнат бариерата од 2 часа за трчање на цел маратон.

Настпот е закажан за овој викенд (6,7 или 8 мај во зависност од времето) во Монца, Италија, a меѓу експертската јавност наиде на најразлични ставови и миселења. 

За почеток да ги погледнеме главните одлики на обидот: 

Моменталниот рекорд и неговата прогресија

Најдоброто официјално време за истрчан маратон го држи Кениецот Денис Кимето со 2:02:57 истрчан во Берлин 2014 година. Ова време е дури 4 минути побрзо од рекордот во 1988 година, а обидот за спуштање под границата од 2 часа ќе бара за 2,5% побрзо темпо (≈5 секунди побрзо на километар) од ова на Кимето. 

Теоријата на Најк е всушност да се доведе еден од овие тројца атлети да истрча време од ≈2:03, a со помош на дополнителните елементи, опрема и контролирани услови да се помогне во рушењето на останатите 3 минути. 

Обидот доколку биде успешен ќе биде ратификуван од Интернационалната атлетска федерација (ИААФ) и тркачите ќе ги поминат сите анти-допинг тестирања, но истиот, доколку се постигне нема да биде официјален рекорд бидејќи ќе биде изведен во строго контролирана средина. 

Главните варијабилни фактори кои од кои се очекува

Главното внимание (секако како дел од маркетингот на целиот проект) ќе бидат патиките кои ќе ги носат тркачите – Zoom Vaporfly Elite кои тежат само 200 грама и кои во ѓонот се составени од комбинација на пена и карбонска „штица” која тестирањата велат дека ја намалува потребната енергија за движење за 4% (за постигнување на иста брзина). 

Триото ќе биде облечено во специјално дизајнирана облека и чорапи кои се очекуваат да им дадат предност преку аеродинамичноста и системот за ладење на телото. Ќе се трчаат 17 кругови долги 2,4км на формула 1 патеката Монца во северна Италија, а патеката е избрана поради повеќето атмосферски фактори кои се очекува да допринесат во крајниот резултат. 

За време на обидот тројката ќе биде следена од повеќе пејсмејкери кои ќе го држат потребното темпо за рушење на бариерата, а во текот на патеката течности ќе им бидат служени директно преку возила како истите не би губеле темпо и време за застанување при хидрирање и внес на калории. 

Реалноста

Сепак, и покрај погоре наведените новости кои се очекуваат да влијаат во подобрување на ова време, на другата страна стои и човечката физиологија како и куп фактори кои велат дека ова (засега) е невозможно. 

RunnersWorld вели дека проектот нема да успее во постигнување на посакуваното време бидејќи ќе се обиде да го сруши „златниот однос” во маратонското трчање (кој е заснован на човечката физиологија) 

Во нивната статија тие објаснуваат: 

  • Ако започнеш споро, во подоцнежниот дел од трката ќе имаш можност да забрзаш т.е. втората половина ќе можеш да ја завршиш побргу од првата (т.н. negative splits)
  • Ако тргнеш со реално темпо, ќе можеш да финишираш со исто темпо – горе-долу исти полу-маратонски времиња
  • Ако тргнеш брзо многу веројатно дека ќе финишираш поспоро – т.н. positive splits
  • Ако тргнеш пребрзо ќе финишираш преспоро

Според статијата во RunnersWorld екипата ќе биде приморана да тргне брзо и да ја помине првата половина за 60 минути што многу веројатно би им довело до намалување на темпото за околу 5% во вториот дел и би значело повторно ≈2:03 време. 

 
Тука пак, можете да погледнете некои подетални анализи и статистики за маратонската проблематика каде се гледа дека досегашните најдобри времиња (вклучувајќи го и рекордот на Кимето) се поставуваат со скоро еднакво темпо во текот на целата трка (втората ставка од златниот однос).
 
Dennis Kimetto, Berlin, 2014: 1:01:45, 1:01:12= 2:02:57
Paula Radcliffe, London, 2003: 1:08:02, 1:07:23= 2:15:25
 
Авторот претпоставува дека Кипчоге кој реално е најспремен од тројката, ќе мора да тргне брзо некаде 28:00 за првите 10 км, ќе го исполни под 60 минути првиот полумаратон но во остатокот ќе мора да намали. Неговите претпоставки се дека максимум до каде би можеле да стигнат атлетите овој викенд е 2:02. 

Да не заборавиме дека паралелно поставен е и друг проект за истата цел кој планира да се проба некаде до 2019, а статистиката извадена од 50годишно следење на маратонските времиња вели дека во нормални услови бариерата од 2 часа би се срушила во 2075 година. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија