Скопје ВегеФест 2013 – 5 Дневен ВЕГАН Предизвик

Можете ли да бидете Веган!? Време е да се обидете. Веганскиот начин на живот е етички, пацифистички и мирен и здрав за вас ама и за Планетата.

Сакаме да се обидете 5 (пет) дена да јадете само Веган храна и да ни ги сликате вашите дневни оброци. Пратете ни ги фотографиите од вашето дневно Веган мени и под секоја фотографија ставете и опис на оброкот, а ние ќе ги наградиме најупорните.

Тројцата најупорни кои ќе покажат дека е лесно да си Веган, ќе добијат по едно пакетче производи од MAMA’s, компанија која произведува македонски традиционални производи како ајвар, малиџано и сл.

Натпреварот започнува денес на 15.10.2013 во 12:00 на пладне и завршува во недела на 20.10.2013 во 12:00 на пладне, а наградите ќе бидат доделени во недела на ВегеФест.

Веган за Животните!
Веган за Планетата!
Веган за Себе!

ПРИКЛУЧИ СЕ НА ВЕГАН ПРЕДИЗВИКОТ!