Сите лица на лавината

Земајќи го фактот дека лавините одземаат најмногу животи од сите природни феномени на нивно тло, Америка и Канада имаат воспоставено еден многу сериозен пристап во следењето, идентификување, класифицирање и прогнозирање за евентуалните ризици од овие природни ентитети кои патем, имаат еден мал милион „лица” под кои е можно да се кријат. 

Погоре следи едно мало видео објаснување од Американскиот Центар за Лавини каде се разработуваат четирите елементи со кои се служат метеоролозите во нивната комуникација со цел поедноставно да го сместат и класифицираат можниот ризикот за лавини за одредена локација во една од 5те скалила за опасност од лавини.

Овие четири елементи всушност ја дополнуваат класификацијата и служат за подетално анализирање и стекнување на осет за веројатните улови и ситуација на терен.

Важно е да се напомене дека планинарите и скијачите никогаш не треба да се придржуваат само на првичната класификација од 5 скалила туку потребно е да да се гледа целокупната слика од информации и услови на лице место кои ќе им помогнат во креирањето на целата слика и носење на одлука за движење во одреден дел од планината. Ова е особено важно бидејќи понекогаш „навидум” две исти класификации носат дијаметрално различен ризик од лавини…

Нешто повеќе за лавините гледајте тука

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија