Сите лица на фудбалското суеверие

Ако добро сте приметиле во најдобрата споредна работа на светот како секој фудбалер да си има некое свое суеверие, од скокање со една нога на терен, до кубење трева па прекрстување итн. Одвоени едни од најпознатите и оние кои во голема мера како да функционираа.

 

Фабиан Бартез и бакнежот по неговата кељавица

Бартез беше познат по одличните реакции, понекогаш глупавите грешки и неговата келава глава. Ова беше една од најпознатите суеверија за време на Светското во Франција 1998 година кога Лорен Блан, сега веќе фудбалски менаџер му удираше бацка на келавата глава на Бартез пред секој натпревар. Суеверието функционираше секој пат, Франција станаа светски шампиони.

 

 

 

 

Карлос Билардо и она што се има случено пред победата

Билардо покрај тоа што носел еден ист костум и вратоврска низ турнирите на кои играл неговиот тим тој исто така ја пуштал и секоја песна во тимскиот автобус која што свирела пред претходниот натпревар на кој што тие победиле. На Светското во Мексико 1986 година, на Аргентина им се расипал автобусот одејќи на натпревар па тимот морал да се однесе до стадионот со такси превоз. Тие победиле, а на секој нареден натпревар Билардо наредувал играчите да одат со такси превоз. Аргентина стануваат светски шампиони.
 

Јохан Кројф и мастиките 

Во неговите денови, од 1960тите и `70тите тој имал негов систем на суеверие пред секој натпревар. Пред натпреварот тој го удирал својот голман Герет Балс по стомакот а потоа истрчувал до средината и плукал мастика преку линијата на центарот на противничката половина. Сепак, еднаш системот бил срушен бидејќи Кројф заборавил да лапне мастика пред натпреварот. На тоа финале во европскиот Куп Ајакс губи од Милан со 4:1.

 

 

 

Доменек и астрологијата 

Ако си шкорпија во хороскоп тогаш многу веројатно дека отпаѓаш од тимот доколку Французинот е менаџер. Тој многу верува на астрологијата и смета дека шкорпиите носат многу негативна енергија во тимот. Исто така ќе имате и проблем доколку сте лав дефанзивец!

 

 

 

 

 

 

Марио Гомес и химната на Германија 

Додека сите ја пеат или барем ја изустуваат националната химна Гомес обавезно ќути додека таа се интонира. Ова нема никаква врска со неговото потекло кое е од Шпанија туку затоа што на еден натпревар како младинец тој не ја испеал химната и од тогаш неговата кариера отишла во нагорен правец.

 

 

 

 

Серхио Гоикочеа и мочањето на терен пред пенали

Бидејќи играчите не смеат да го напуштат игралиштето меѓу крајот на натпреварот и почетокот на пеналите голманот на Аргентина на Светското во 1990 морал да се олесни на терен пред публика. Аргентина тогаш победила, а победила и на наредниот натпрвар на кој што Серхио се олеснил на теренот. Тој изјавил дека бил многу суптилен и дека ретко кој го забележал.

 

 

 

 

Гери Линекер и забраната за шутирање пред натпревар

Додека траело загревањето на натпреварите познатиот англиски напаѓач во никој случај не шутирал на гол бидејќи сметал дека со тоа може да си потроши некој гол залудно. Дополнително, доколку во првото полувреме тој постигнел гол, на паузата го менувал дресот.

 

 

 

 

 

Пепе Реина и неговиот ред

Реина е еден од најсуеверните голмани на светот. На денот на натпреварот тој го полни резервоарот од неговиот автомобил до горе, оди на стадионот и се паркира на истото место, потоа се соблекува и облекува по одреден строг редослед, обавезно оди по мала нужда и секогаш во соблекувалната седи најблиску до вратата.

 

 

 

 

Извор

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија