Ули Штек соло на Анапурна I

Швајцарската машина направи соло искачување по јужната стена на Анапурна

„Швајцарската машина“ Ули Штек стигна на врвот на озлогласениот тежок врв Анапурна I по Јужната Стена. Деталите за искачувањето на Штек се уште не се познати, како и да е, веста е дојавена по пат на SMS порака која Штек ја испратил до своите спонзори: „Врв, сам, Јужна Стена.”

Неговиот спонзор Скарпа исто така објави за искачувањето на нивната страница на Фејсбук, пишувајќи: „ВРВ ВРВ ВРВ сам Ули!!! ВИСТИНСКАТА машина.

Ова беше трет обид на Штек за искачување на Анапурна I, кој е последниот искачен 8000 м-ски врв во светот. „Јужната стена на Анапурна I ми е стар проект,“ рече Штек во едно неодамнешно интервју. „Веќе имав два обида и сметам дека е потребно трпение ако сакаш да качуваш тешка насока на 8000 м-ски врв.“

Штек се обиде да ја качи по 2500 м-ската јужна стена на импресивната планина во 2007 и 2008 година, и обете експедиции завршија лошо. Во 2007 година, неговиот обид заврши кога беше удрен од одрон на камења во долниот дел од стената.

Во 2008 година, Штек и Симон Антаматен (Simon Аntamatten) го прекинаа искачувањето откако Штек дозна дека негов пријател, Шпанскиот качувач Ињаки Очоа де Олса (Iñaki Ochoa de Olza) се беше повредил и залутал во планината. Штек се обиде да го спаси Олса, но и покрај напорите, Олса почина. И обата обиди, во 2008 и 2007 беа во пролетната предмонсунска сезона, па Штек се надеваше дека постудената и посува пост монсунска сезона мозе да обезбеди подобри услови по стената.

„По смртта на Ињаки, сакав веднаш да се тргнам од стената и ми требаше време да ја надминам загубата. Ако појдев веднаш во наредната сезона, немаше да бидам подготвен.” рече Штек во истото интервју.

Оваа година, Ули Штек беше подготвен за повторен обид и се врати со канадскиот качувач Дон Бови (Don Bowie). Бови веќе имаше два обиди на Анапурна I. Обајцата претходно беа партнери во успешното искачување на Чо Оју во 2011.

Овогодинешната експедиција на Анапурна I се одвиваше добро, според интернет страната на Ули Штек. Екипата го подигна базниот логор на 5000 м.н.в. во доцниот септември и започнаа да ја планираат нивната насока. Последната вест од Штек беше:

  • „Во моментот имаме дождливо време во базниот логор од од 6 октомври прогнозата треба да биде подобра и ќе се вратиме на планината. Сè се одвива според планот.”

Јужната стена на Анапурна I првпат е качена во 1970 година, од експдиција во која најголем дел биле Британци, со користење на big-wall тактики за да се надминат претходно нечуените тешкотии на 8000 м-ски врв. Оттогаш, барем три други насоки се искачени на главната јужна стена, како и неколку насоки на врвот Рок Ноар (Roc Noir), страничен врв од десната страна на стената.

Првото искачување во алпски стил било во 1984 кога двајца каталонци, Нил Бохигас (Nil Bohigas) и Енрик Лукас (Enric Lucas) прават историско достигнување, првото искачување во алпски стил.

Во 1992 година, француските алпинисти Пјер Беган (Pierre Beghin) и Жан Кристоф Лафај (Jean-Christophe Lafaille) скоро завршија нова независна насока, но Беган падна и загина, а Лафај беше присилен да качува надоле по стената сам, што е едно од најепските случувања во Хималајската алпинистичка историја.

Ова беше истата линија по која се обиде и Штек во 2007 година. Истата година словенечкиот алпинист Томаж Хумар исслира првенствена насока до Рок Ноар и продолжи по источниот гребен до Источна Анапурна (8047 m). Но досега, никој нема направено соло искачување на насока по главната јужна стена.