Што е спортски туризам?

Спортскиот туризам претставува активно или пасивно вклучување во спортските активности, на индивидуална или организирана основа за комерцилајни или некомерцилајни потреби, кои вклучуваат патување надвор од вообичаеното место на живеење во туристичкото движење кој основна цел е спортот.

Спортскиот туризам го ставаме во „специфични форми во туризмот“ така што го дефинираме како туризам во кој спортот е главен мотив за патувањето престој на туристите во туристичката дестинација.

Спортскиот туризам се појавува во:

-натпреварувачки спортски туризам

-зимско рекреативен -спортски туризам

-летен рекреативен -спортски туризам

Под поимот натпреварувачки спортски туризам подразбираме некакво вклученост во натпревар дали било тоа во домашни или меѓународни натпревари и дали сте активно вклучен во натпреварот или пасивен учесник. Зимско рекреативниот спортски туризам претежно се одвива во планиските центри и во бањи, а во нив се вклучени повеќе спортови како пример скијање, скијачко трчање, лизгање и др. спортови кои се одвиваат во зимско рекреативен спортски туризам, додека летниот рекреативен спортски туризам се одвива на море, езеро, планини, реки и др. во нив се вклучени како на пример трчање, планинарење, одбојка на плажа, сурфање, пливање, кајак, тенис и други спортови кои можат да се користат во летниот период.

Спортскиот туризам има голем напредок, а самите туристи го прифаќаат овој вид на туризам бидејќи нивното слободно време е исполнето со различни видови на спортско рекреативни намени кои се во нивна корист, за подобрување на нивното здравје и нивните човечки навики за пактикување секојдневна примена на спортот не само кога можат туку во секојдневната примена.