Финците измислија облека која ја мери мусклулната активност на организамот

Шорцеви кои ќе ви кажат кога е време за вежбање

Станува збор за интелегентна спортска опрема со вградена технологија која ги мери електричните импулси произведени од мускулите на телото, и која понатаму истите импулси ги пренесува безжично до телефон или компјутер за понатамошна анализа.

Финската компанија Myontec имаше футуристичка визија да произведе спортска облека која ги мери електричните импулси произведени од мускулите. Станува збор за интелегентна спортска опрема со вградена технологија, која ги мери електричните импулси произведени од мускулите на телото, и која понатаму истите импулси ги пренесува безжично до телефон или компјутер за понатамошна анализа. Технологијата може да измери на пример, колку се оптеретени мускулите при вежбање, и да алармира ако на пример, се преоптеретени.
Иновацијата наречена “analytical undies”, беше рангираната на трето место од страна на Њујорк Тајмс, од вкупно 32 иновации во светот кои дефинитивно ќе ни го подобрат животот.
Меѓу клиентите на Myontec веќе се вбројуваат познати спортски фаци, како на пример тимот на Формула 1, Мекларен, NHL, тимот на Pittsburgh Penguins и англискиот фудбалски тим Everton FC.

Сите перформанси во една облека

Спортската облека на Myontec има вградено електромиографски сензори кои ви укажуваат колку напорно работите со квадрицепсите, тетивата и мускулите на задникот. За сега овој хај тек спандекс е наменет за атлетичари и тренери, но се верува дека може да биде многу погоден и за “невежбачите””. 

Иако супер тесните шорцеви се наменети за атлетичари и тренери