Scout SURVIVAL School - Ohrid 2015

Школа за Преживување во Природа – Охрид 2015

Во периодот од 15-19 октомври на територијата на општините Дебрца и Охрид се организираше Школа за преживување и безбеден престој во природа. Домаќин на оваа школа беше Извидничкиот одред  „Пионер” од Охрид.

На школата практична едукација добија вкупно 12 извидници од категоријата „Ровери”(16+) од седум извиднички одреди од Македонија. Извидниците преку практична работа за период од 100 часови поминати под ведро небо во исклучително променливи временски услови на потегот од село Требеништа преку село Скребатно па сè до Охрид патека долга околу 58 километри.

Стекнаа вештини во препознавање и начин на избор на безбедно место за престој во природа, контрола и самоконтрола, изградба на времени живеалишта, пронаоѓање на ресурси за исхрана во природата, ориентација во густостеблеста шума како и на подрачје со голема висинска разлика.

Потоа стекнаа познавање и практични вештини околу помош и самопомош при настаната повреда во дивината, препознавање на растенија, инсекти и животни безбедни за исхрана како и начини на прочистување на вода и подготовка на истата за пиење.

Школата придонесе за зближување на учесниците, размена на искуства, зајакнување на старите и стекнување на нови пријателства, како и за запознавање со природните богатства на овој дел од нашата татковина и грижа за истите.

 Се гледаме на следната “Школа за Преживување”…