ИДЕНТИЧНИ ИЗЈАВИ НА ДВАЈЦА ЕМИНЕНТНИ ПОЗНАВАЧИ НА СКИЈАЊЕТО И ПЛАНИНИТЕ

Шарпланина – Најубав планински масив на светот

Честопати слушаме како Попова Шапка со Јелак, па и Брезовица, се едни од најубавите ски-центри, кои рамноправно се „носат” преку своите параметри и убавини со најпознатите ресорти од Алпскиот регион. Подолу даваме независни изјави на двајца врвни познавачи на Алпските, но и светските планински масиви за „рангот” на ШАРПЛАНИНА што го завазема во светски рамки.

ВЛАДИМИР РАКОЧЕВИЌ, адвокат по професија, но пасиониран планинар и скијач, освојувач на најголемите врвови од 4 континенти МОН БЛАН, КИЛИМАНЏАРО, МекКинли/Денали (Алјаска), Аконкагва, каде доби смрзнатини од висок степен, па не го доврши (се уште) својот план да го освои и МОНТ ЕВЕРЕСТ – „Покривот на светот”. Но, како што изјави скоро, во емисијата „ПАТОТ ДО УСПЕХОТ”, “уште стои опцијата за освојување на Монт Еверест, ако најдам решение за некои здравствени последиците од промрзнувањето”.

Подолу ја даваме неговата изјава која ја даваме во оригинал на српски јазик:

  • „ШАРПЛАНИНА ЈЕ НАЈЛЕПШИ ПЛАНИНСКИ МАСИВ НА СВЕТУ. И једино може да јој донекле конкурише само Сиера Невада, Шпанија.”

ГЕОРГЕС ПАТИЕРИДИС, исто така правник, адвокат од Солун, судија на врховниот суд на Грција, една од значајните личности на ФИС и ИБУ, светските федерации за Скијање и Биатлон, ТД на ФИС за алпско скијање, ТД за скијачко трчање, ИБУ ТД за Биатлон, претседател на комисијата за развој и прием на нови членки во ИБУ, кога како ТД на Шарпланинскиот Куп 1996, од гребенот на Церипашина, му ја покажавме панорамата на Јелак, извика

  • „ЕДО МАГИА – ОВДЕ Е МАГИЈА. Нешто слично сум видел само во Сиера Невада во Шпанија.