Секоја минутка вежбање е важна

Подигање на темпото со кое одите накај работа, трчањето по автобус и избирањето на „замрзнатите“ скали наместо ескалаторот може да влијаат врз целокупниот износ на физичка активност и да ви ја подобрат здравствената состојба на долг рок.

Според истражување направено на Унивезитотот од Јута, Солт Лејк Сити, дузина на кратки но интензивни „вежби“ направени во секојдневието се акумулираат и ги даваат истите полезности како и препорачаниот временски минимум кои треба да го поминеме во рекреација.

Препорачаните вредности од American Heart Association кои се уште стојат се оние 30 минути физичка активност со просечен интензитет на ден (5 дена во неделата) кои можат да се акумулираат и со три одделни 10 минутни блокови на просечно вежбање (одење итн.). Со ова се достигнува вкупната препорачана доза од 150 минути просечно вежбање на недела.

Но, истражувачите почнаа да копаат малку подлабоко, и бидејќи многу од луѓето ги немаат (или не сакаат да ги најдат) овие 30 минути, како сакате распоредени во текот на денот, почнаа да ги истражуваат бенефитите од едно минутното високо интензивно подигање на пулсот што може да не снајде кога секој ден би каснеле по автобусот или би ги избирале скалите наместо ескалаторот.

Со истражување направено на 4,500 луѓе, се дојде до заклучок дека сите едноминутни високо интензивни вежби како пример, брзо одење, качување по скали итн. кумулирано ги даваат истите бенефити како и 10 минутните блокови на просечно вежбање, како нормалното одење.

Дополнително, од студијата испадна и фактот што луѓето кои ги правеле овие кратки интензивни активности на ден, ги исполнувале и оние вкупни препорачани 150 минути на недела (мажите ги надминувале, а жените биле тука некаде).

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија