Се отвори првиот вегански ресторан во Катар
И тоа од 24-годишен дечко кој и самиот е веган (се разбира)…
„Evergreen Organics” е името на ресторанот, се наоѓа во главниот град Доха и нуди 100% растителна храна. Оброците на менито се состојат од свежи продукти како свежи витамински салати, сурово тако, цедени сокови и разни десерти.
Страничните полици се наредени со хербални лековити чаеви, продукти без глутен и останати производи што можат да се купат за дома. Слободниот простор е наменет за повремени работилници и настани поврзани со здравје и исхрана.
24-годишниот Ганим АлСулаити го сподели накратко своето патешествие со веганизмот – „Ми требаше цела година комплетно да се откажам од месо, млечни продукти и животински продукти. Морав навистина да ја почувствувам разликата што се случуваше во моето тело од ваквиот начин на исхрана. Резултатите се неверојатни!”.