Рон Хил – Човекот што трчаше 52 години

На 29 Јануари оваа година, Рон Хил реши да направи нешто што го немаше направено половина век. Реши да земе еден ден одмор од трчање.

Трикратниот Британски олимпиец Рон Хил (78), на 29ти Јануари оваа година по цели 52 години и 39 дена ја заврши најдолгата тркачка низа во историјата на човештвото. Толку траеше низата во која славниот aнглиски маратонец не пропушти ниту еден ден без да трча.

Во изјавата што тој ја има дадено за Streak Runners International, Хил, кој живее во Хајд неколку километри источно од Манчестер, вели дека подолго време чуствувал срцеви проблеми и дека се надева истите брзо да се дијагностицираат и решат. Неколку дена подоцна , на 28 Јануари Рон Хил ја истрча својата последна милја која заради срцевите проблеми траела цели 16минути и 34 секунди.

Во 2014 година кога низата на Хил траеше 50 години, во изјава за магазинот Runners World, рекол дека се надева дека ќе доживее 100 години и дека ќе трча се дотогаш. Инаку во првите 50 години, Хил имал просек од 7 милји на ден или нешто повеќе од 11 километри на ден, а во неговите средни седумдесетти бројката паднала на 25 милји неделно или 40 километри.

Сепак ова достигнување е само мал дел од пребогатата и успешна кариера на овој светски познат спортист. Тој настапувал на Олимписките Игри во 1964, 1968, 1972. Игрите во Токио и неговиот неуспешен настап на трката на 10,000 метри биле моментот кога Хил се одлучил да почне да трча секој ден. Покрај ова во својот спортски живот Хил бил победник на бројни маратони низ целиот свет меѓу кои и на славниот Бостон Маратон (1970) со време 2:10:30.

Рон Хил е вториот човек кој успеал да ја пробие маратонската граница од 2 часа и десет минути со личниот рекорд од 2:09:28. Рон Хил сè уште е сопстевеник на светските рекорди на 10милји, 15милји и 25километри на отворен пат.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија