РИО 2016 – Кои се новите олимписки спортови?

На неполни два месеци пред почетокот на 31-те Олимписки игри во Рио, време е да ве запознаеме со новите олимписки спортови кои ќе дебитираат токму на овие игри.



Откако беше избран градот домаќин на 31-те Олимписки игри, меѓународниот олимписки комитет обзнани дека на игрите во Рио ќе има место за два нови спорта кои преку процес на селекција и гласање ќе се вбројат во семејството на олимписки спортови.

Федерациите кои доставија апликации и учестувуваа во трката беа: карате, сквош, голф, спортови со ролерки, рагби седум и бејзбол и софтбол, двата спорта кои во 2005 година беа исклучени од олимписката програма. Иако, заради богатата традиција и реноме која нашата земја ја има, сите ние потајно се надевавме дека изборот ќе падне на каратето, сепак, на општо изненадување, спортовите кои беа изгласани се: голф и рагби седум.

ГОЛФ:Голфот е игра која потекнува од Шкотска и која настанала во почетокот на 15-тиот век. Оваа игра со богата историја низ целиот свет, спаѓа во групата на игри со палка и топка, а целта е со што помалку удари на топчето, да се погоди целта. Полето за голф може да биде со 9 или 18 дупки, а она што е единствено кај овој спорт е тоа што полето на кое се игра не е со стандардни димензии , туку, може да варира зависно од околината и креативноста на организаторот.

На него може да има препреки како: вода, песок, кал и дрва, а често се случува да има и испакнати делови. Важи за исклучително скап спорт и спорт кои најчесто се игра во високите кругови, што е само потврда за неговото аристократско потекло. По изборот за олимписки спорт, Меѓународната голферска федерација најави дека на игрите во Рио ќе настапат најдобрите во овој спорт, како Тајгер Вудс и Аника Сторесам.

РАГБИ 7: Овој „подвид” на стандардното рагби е уште еден спорт кои потекнува од Шкотска а за прв пат почнал да се игра во 1880 година. Се игра речиси на сите континенти и верувале или не , Рагби 7 е еден од најбрзорастечките спортови на светско ниво. Карактеристично за оваа варијанта на рагби е тоа што секоја екипа има само по седуммина играчи во поле и полувремето трае седум минути( 14 мин вкупно).

На олимписките игри ќе настапат вкупно 24 селекции од сите континенти. Ќе се игра во машка и женска конкуренција и сите ќе атакуваат на златото со вообичаеното рагби додавање наназад.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија