Rickson Gracie : ММА е најдобар и најефикасен начин на вежбање (видео)

Легендарниот Rickson Gracie по само година и пол од како Royce го освои првиот UFC турнир 1993 година, ја донесе слободната MMA борба и во земјата на изгрејсонцето. Денес иако повлечен од борбите и понатаму го предава своето искуство на помладите генерации, а во заедницата на ентузијасти на боречките вештини познат е како еден од најчистите борци во BJJ во последните сто години. Неговата единствена вештина и технички иновации многумина и денес ги користат за пример.

 

Филозофијата на Gracie е едноставна BЏЏ и ММА не се и не смеат никогаш да бидат изоставени како средства во борбата. Токму во тој контекст Gracie објаснува зошто ММА според него е најдобриот и најефикасниот начин на вежбање.

  • Помага во решавање на насобраниот стрес. Според Gracie ниеден тренинг во теретана нема да го научи спортистот како да се справи со притисокот на кој е изложен. “ММА Ве учи како емоционално да се контролирате во стресни ситуации”, вели тој.
  • Ви дава неверојатна самодоверба. Без оглед на тоа каква животна ситуација ве очекува, ММА ќе ви помогне да изградите или да ја зајакнете самодовербата за понатамошните предизвици. “Физички развивате техника која ви дава чувство на самодоверба и способност да преовладувате и низ други тешки ситуации. Се чувствувате силно без оглед дали сте најголема или најсилна личност во просторијата” истакна
  • Ве учи на почитување. Учењето и вежбањето на ММА & БЏЏ во вас ја зголемува вашата сопствената вредност, но и почитувањето кон противниккот. “БЏЏ ме научи да се почитувам себе си и другите. Кога се борите со друг човек, морате да бидете свесни за својата сила, но и да имате почитување према противникот” објасни
  • Ви го зајакнува целото тело. Тренирајќи ММА ги зајакнувате сите мускули и развивате снага на целото тело. “Сите борци денес се развиваат низ таа вештина и на тој начин стануваат комплетни борци, а борбите добиваат друга димензија” додаде Gracie
  • Се чувствувате непобедливи. Без оглед на тоа што некои борби во животот сигурно ќе ги изгубите, ММА и BЏЏ вас ве учат на чувтството на непобедливост. И во поразот учите да пронајдете позитивен момент и од нив учите да најдете некоја нова победа.

текстот е превземен од TheStrongest.mk