Решен „лавиринтот” во Јелашничка клисура и две ПРВИ места за TREX

Викенд за лудоријата наречена „Лавиринт” или во оригинал како што самиот организатор си ја крсти “The Maze” се случи во Јелашничка клисура, во близина Нишка Бања во соседна Србија.

Како дел од препреките за почеток беше навистина доцниот старт закажан во 11ч, а фактички случен во 11:33 кога сонцето веќе најубаво печеше, понатаму трчање по карпи со сигурносни јажиња, трчање околу 1 километар по река, прескокнување камиони, неколкупати минување на „четири нозе” низ цевки, качување по јаже, влегување во 40метарски премин заграден од сено и песок од горе ползечки и во темница, прескокнување оган, носење трупци, тркалање тракторски гуми, влечење гуми, влечење трупци врзани со јаже, поминување под мрежа во вода, скокање во контејнер полн со вода, одење по slack line, па дури и математика на крај кога си мртов изморен 🙂

Претходно договорени Марјан Бонев, Александар Јордановски, Дарко Стевковски и Ристе Мувчески „да се испробаат” на предизвикот. Марјан Бонев како верен претставник на клубот TREX, а тие негова директна поддршка пријавени како BONEV Support Crew 🙂

Претставници од TREX беа и Мики Стефанов и Tања Стојановски од Србија, а Игор Делов ги претставуваше GITKO STRONG Run Crew.

При пријавувањето имаше опција предизвикот да трча или да се пешачи, како и 2 различни патеки и должини. Подолгата опција беше Adventure – 22,6km со 1300м висинско искачување а исто толку и спуштање, а “полесната” беше Rookie – 12,5km со 870м висинско искачување а исто толку и спуштање.

Пласман на македонската екипа:

  • 
Тања Стојановски – 1во место жени на Adventure трката од 22k со време 04:18:00

  • Марјан Бонев – 1во место на Adventure трката од 22k со време 02:47:00

  • Мики Стефанов – 8мо место
 на Adventure трката од 22k со време 03:43:00 
  • Александар Јордановски, Дарко Стевковски и Ристе Мувчески – го поделија 5тото место во пешачка конкуренција на Rookie патеката од 12k со време 04:33:00
  • 
Игор Делов – се откажа поради повреда


Официјални резултати

Фотки / Jovan Nedeljkov

 

Автор

TREX

Скопје

Македонија