Комерцијален текст

Реквизити за корегирање на телесни деформитети

Деформитетите на ‘рбетниот столб се застапени со најголем процент меѓу телесните деформитети и можат да предизвикаат сериозни нарушувања на физичкото и психичкото здравје.

Со цел да се превземе соодветна акција за превенција и корекција, потребно е да се обрне соодветно внимание на правилното држење на телото при секоја активност и положба – одење, седење, вежбање, спиење. 

Како за почеток – запрашајте се какви обувки носите?

Носењето на соодветни обувки или користењето на  анатомски влошки со различни карактеристики, се почеток на решавањето на некои од наведениве проблеми. Во широката палета на производи на Медикус Хелп имаме решение за различни индикации како рамни стапала, високи сводови, шилци во пета… 

Долготрајно носење високи потпетици исто така може да доведе до одредени проблеми. Овие анатомски влошки и обувки помагаат во правилно држење на целото тело, а воедно го олеснуваат оптеретувањето кое го трпи ‘рбетниот столб. Производите се со анатомски облик и изработени од високо квалитетни материјали (силикон/кожа/фротир) кои овозможуваат максимална поддршка и заштита на стапалата, а воедно се пријатни и лесни за употреба и одржување.

Корсетот за кифоза е помагало кое е одлично за држење на грбот и ‘рбетот во правилна положба. Незабележителен е под облеката и може да се носи постојано и во секоја прилика. Но тоа не е целосното решение за постоечкиот проблем. Доколку сакате да го постигнете целосниот ефект од носењето на помагалото, задолжително треба да се практикуваат и целни вежби кои ќе Ви бидат објаснети во продажните места на Медикус Хелп.

Доколку сте во групата на луѓе кои не се големи љубители на вежбањето, ви нудиме решение. Ви ја препорачуваме столицата со физиотопка. Така ќе бидете во можност пасивно да вежбате, односно несвесно да вежбате додека седите. Со самото седење на столицата, тежинската гравитација овозможува најдобра положба на телото, со што се зајакнуваат мускулите на абдоменот, грбот и градите. Се намалува стресот на ‘рбетот и болката во рамената.

За оне кои сепак имаат желба да практикуваат и по некоја вежба, топката за седење може да се извади од пластичната столица и да се користи како топка за вежбање. Топката има безбедносен ABС систем што спречува нагло пукање и издишување при евентуални механички оштетувања, а воедно ја прави безбедна за користење при тежини и до 350 кг.

Еластичните црева со отпор се едноставен реквизит кој може да се користи на различни начини за изведување на едноставни, а многу корисни целни вежби.  Тоа е лесен и сигурен реквизит погоден за користење во секое време и на секое место. Со само 3 минутно вежбање за време на работната пауза, помагате во зајакнување на мускулатурата. Сето тоа го постигнувате со растегнување на еластичните црева.  Со многу мала инвестиција, добивате многу голема придобивка и решение на вашиот проблем. 

Пилатес прстенот или популарно наречен Magic circle (името зборува само за себе) е едноставен реквизит кој се користи за вежби фокусирајќи се на сила, рамнотежа, флексибилност и држење на телото. Помага на цела група специфични мускули во различни вежби за тонус на рамената и бутовите, како и за зголемување на телесната сила. Ги стабилизира рамениците, го затега грбот, го отвара градниот кош, ги јакне стомачните мускули  и го корегира ставот. “Магичен“ е за зајакнување на проблематичните делови на рацете, колковите и бедрата.

Едно е сигурно, во период од 24 часа колку и да практикуваме или не практикуваме физичка активност, најголем процент го поминуваме во спиење. Здравиот сон и правилната положба на главата и телото за време на спиењето се многу значајни за целокупната психофизичка состојба на организмот. 

Изборот на соодветна анатомска перница од асортиманот на Медикус Хелп изработени од memory пена со висока густина која одлично се адаптира на анатомската градба на корисникот е решение за превенција или ублажување на веќе појавени болки во вратот и ‘рбетот. По динамичниот ден дозволете си здрав сон, одмор и релаксација додека спиете.

Медикус Хелп, Пријател на животот.