Разбудете го „Бразил” во Вас

Клубот „Капуера Скопје” претставен од неговите тренери ( Симе Атанасијевиќ и Лазар Тренчев ) две недели неуморно работеше со скопските средни училишта.

Со проектот „Капуера – Повеќе од спорт” беа опфатени сите ученици од гимназиите: „Раде Јовчески Корчагин”, „Никола Карев” и „Орце Николов”. Учениците имаа единствена можност преку капуерата да се запознаат со бразилската култура, јазик, песна, музика, танц и енергијата на Бразил.

Проектот заврши со феноменална енергија за која беше заслужен и задолжен Контра Мештре Лобизомем (вревен капуерист и личен ученик на нашиот мајстор, Мештре Пулмао), како и партнер клубот „Капуера Белград”. Успесите од овој проект се само почетокот. Нашата цел е да го разбудиме „Бразил” во Вас.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија