Путин живнува фитнес програма од СССР

Оваа недела, рускиот претседател Владимир Путин потпиша наредба за рестартирање на фитнес програма која што датира од режимот на Сталин и траеше сè до падот на СССР, а во тоа време значеше голем советски бренд и поим за врвната физичка форма која ја поседува нацијата. 

Оваа недела Путин изјави дека со преостанатите фондови од Зимските Олимписки Игри во Сочи оваа година ќе се направи лансирање на фитнес програмата ГТО (Гото́в к труду́ и оборо́не), во превод „Подготвени за труд и одбрана“ која што датира од советската ера.

Идејата на рускиот претседател беше промовирана уште минатата година овој период, а сега се чини дека ГТО е спремно повторно да се инкоропорира во руското општество со негов став дека „со ова ќе се оддаде почит на националните историски традиции.“

Сè уште не се знае како ќе изгледа модерната верзија на програмата, но ако се погледне наназад, таа вклучуваше масовни спортски паради, натпревари, шампионати и борба за медали во различни дисциплини сето тоа помешано со патриотизам, слогани и транспаренти на Советскиот сојуз.

 

Во минатото беше очекувано сите луѓе на СССР, од 18 до 60 годишна возраст да земат учество во ГТО. Децата од средните школи биле директно запишувани на програмата „Сила и Храброст“ каде што биле вежбани основни елементи од воената подготовка и покрај натпреварите во трчање, пливање или скијање (во зависност од сезоната) децата учествувале во натпревари во фрлање гранати и трка со пречки.

Во врвот на своите денови, ГТО организираше годишни шампионати во голем број на градови низ Советскиот сојуз, достигнувајќи дури 37 милиони учесници во 1975 година.

Путин, кој и самиот е голем спортист, не изјави многу детали за живнувањето на оваа програма која треба да се случи овој септември освен тоа што ќе биде поделена во 11 групи во зависност од возраста. Тој изјави дека со ова, сака да стави акцент на здравиот живот во Русија и да го привлече мнозинството на граѓани да земат некакво учество во нивната физичка подготовка.

За крај, пробуричкавме малку повеќе и најдовме едно видео за врвниот советски бренд – ГТО

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија