Пуштени се карти за Mariovo Off-Road Experience 2016
Конечно се пуштени картите за аутдор фестивалот MARIOVO OFF-ROAD EXPERIENCE. Повелете на највеселиот фестивал во природа и овој оваа пролет на крајот од мај…
Карта можете да си набавите во продажната мрежа на kupikartizase.com, во продавниците на Бајк маркет, Пробајк или на телефон 078/400-047.
Цена на картата е 600 денари.
Oва е програмата на овогодинешниот фестивал. Спортските активности се збогатени со уште една спортска дисциплина болдеринг што ќе биде на програмата двата дена (сабота и недела), а ОВДЕ ѕирнете како си поминавме минатата година…
Петок:
19 часот: пристигнување на гостите
21 часот: отворање на фестивалот
9:15-22 часот: кино вечер
Сабота:
11 часот: пристигнување на гостите и поставување на кампот
10-20 часот: болдеринг
15-21 часот: музичка програма
15-19: BUBALO BOOT CAMP
21 часот: бенд
Недела:
8 часот: будење на кампот
9 часот: старт на планинското трчање и планинарење
10 часот: старт на велосипедските тури
10-15 часот: болдеринг
15-17 часот: ручек за учесниците