Нов празничен трејлер

Наслов

„Прво Осветлување“

„Ова е нешто визионерско. Навистина е на границата на она што би го нарекле качување" вели Џеси Хјуи. Хајден Кенеди (Hayden Kennedy) и Џеси Хјуи (Jesse Huey) се подготвуваат за борба во која ќе им бидат потребни сите нивни алпинистички вештини. За проектот „Прво Осветлување" ќе им биде потребно сето време за празниците... Кога ќе падне мрак, ќе има светлина.

„Може да тренираш за Каракорам, за Аљаска, но ништо не може да те подготви за ова." Оваа зима, Хјуи и неговата екипа од елитни алпинисти ќе патуваат до покривот на светот. Во тишината на зимата тие мораат да бидат подготвени за било што со кое природата ќе ги изненади: снег, ветер, дожд, лапавица и екстремен студ. по темнина и светлина, обајцата мораат да надминат безбројни пречки, за да ја постигнат својата цел. За Џеси и Хејден овие празници ќе бидат легендарни.

Среќни празници!

П.С. За гледање на ова видео, потребна е извезна доза на смисла за хумор.

25 Декември 2013

За авторот