Наслов

Прв Пливачки Митинг „АРМ 2013“

Овој пливачки митинг се одржа по повод денот на Армијата на Република Македонија 18 Август на Базенот Аеродром во Скопје.

Техничката организација на митингот ја имаше Пливачката федерација на Р.Македонија и идеата е да се направи традиционален митинг кој покрај припадниците на АРМ и Пливачките клубови од наредната година да има претставници и од другите служби (МВР,Противпожарна заштита,идр) со што ќе има натпреварувачки карактер меѓу службите и меѓу клубовите.

Покрај тоа имаше дружење на припадниците на АРМ со младите пливачи а воедно настапија и поранешниот ватерполист и капитен на Ватерполо Репрезентацијата Сашко Поповски и пливачи како Теодора Раптис, Јане Карајованов,Томи Стефановски, Евгениј Поп Ацев.

Имаше претставници од 6 клуба- ПВК Орион, ПК Бамбини, ПК Делфин, АПК Студент, ПК Бета, ПК Младост сите од Скопје и 50 претставници од АРМ (од сите водови) и вкупно имаше имаше 97 натпреварувачи.

Победници во категории се:

Пливачи родени 2000 година (категорија А) КАЛАЧ ВИВИД-ПК БЕТА (машки)  / САМОИЛОВА АЛЕКСАНДРА-ПК БЕТА (женски)

Пливачи родени 2001година (категорија Б) КОСТАДИНОВСКИ ГОРЈАН-ПВК ОРИОН (машки)/ СТЕФАНОВСКА БОЈАНА-ПК БАМБИНИ(женски)

Пливачи родени 2002 година (категорија Ц) СИМОНОВСКИ АНТОНИЈ-ПК БАМБИНИ (машки)/БОЖИНОВСКА ЛИНА-ПК БАМБИНИ (женски)

Пливачи родени 2003 година (категорија Д) ГАЛИЌ БОБИ-ПК БАМБИНИ(машки)/ЈАНЕВСКА ЈАНА-ПК БЕТА(женски)

Пливачи родени 2004 година (категорија Е) СТОЈАНОВСКИ АНДРЕЈ-ПК БЕТА (машки)/СТОЈАНОВСКА БОЈАНА-ПК БЕТА (женски).

17 Август 2013

За авторот