Прв африкански тим на Тур де Франс

Тимот МТН-Кубека од Јужна Африка доби вајлдкарта за учество на Тур де Франс 2015 и тој ќе биде првиот тим од овој континент кој ќе се натпреварува на најпрестижната велосипедска трка во светот. 

Тимот за првпат започна со интернационални настапи во 2013 година, а минатата настапи на нивната прва поголема тура Вуелта. Менаџерот на Кубека, Брајан Смит го зајакна тимот со тоа што донесе неколку првокласни велосипедисти како Тајлер Фарар, Мет Гос и други со цел за добар настап на Тур. Африкански велосипедисти во тимот се Луис Меинтјес, Мерави Кудус и Натанел Беране. 

Овој потег се верува дека ќе ја забрза постапката на учество на други африкански тимови на Тур де Франс, а зад самиот тим седи и силна младинска екипа која што е спремна да го следи прогресот на спортот. 

Другите четири вајлд карти организаторот на трката ги додели на Бора Аргон од Германија и Бертањ, Кофидис и Еуропкар од Франција, a ова е вкупната листа од тимови кои ќе се натпреваруваат оваа година. 

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија