Промоција на книгата „Како го искачив К2” во МКЦ

Денеска на 31.05.2017 со почеток во 20 часот во Младинскиот Културен Центар во Скопје ќе се одржи промоција на книгата „Како го искачив К2” на првиот Македонец кој успешно застана на овој врв – Здравко Дејановиќ. 

Во 2013 година Здравко Дејановиќ имаше неуспешен обид за искачување на вториот највисок врв на светот К2, но следната, 2014 година на 27 јули како дел од мешана експедиција и заедно со Иранецот Реза Шахале и Шерпасот Мингма Гајле тој успеа да стапне на врвот висок 8,611 м.н.в кој се смета и за еден од најтешките и најопасните за искачување.

Следната 2015 година тој успеа да се искачи и на Анапурна I 8091 м.н.в и заедно со успешното искачување на Еверест 8849 м.н.в тој стана првиот Македонец со искачени три хималајски врвови повисоки од 8000 метри. 

Вечерва со почеток од 20 часот во МКЦ ќе се одржи промоција на неговата книга посветена на ова искачување. Отварањето ќе биде од страна на г-дин Живко Темелковски, ќе следи обраќање на Проф. Д-р Јовица Угриновски по што ќе следи излагање на авторот на книгата „Како го искачив К2″ проследено со кратки видеа. 

Книгата ќе може да се купи на лице место, а може да се најде и во Скаут Аутдор Шоп – Скопје по цена од 350 денари. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија