Пројковска ќе суди на Европското првенство за жени до 17 години

Најдобро рангираниот македонски женски судија, Ивана Пројковска ја доби подршката од УЕФА да ја дели правдата на еден од двата полуфинални натпревари на Европското првенство за жени до 17 години кое се одржува во Исланд.

Нашиот интернационален судија ја доби честа да се најде меѓу најсериозните кандидати кои ќе ја делат правдата на полуфиналните натпревари. Во првата полуфинална средба се среќаваат репрезентации на Шпанија и Франција, а на вториот полуфинален меч Швајцарија ќе и се спротистави на Германија. Утре Европската куќа на фудбалот ќе објави кои судии ќе ја добијат можноста да бидат на центарот на теренот на полуфиналните пресметки од Европското првенство за жени до 17 години.

Ова е големо признание за нашата Ивана Пројковска која за прв пат се најде на завршницата на едно големо натпреварување под покровителство на УЕФА.

Извор

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија