Прилепчанецот Бојан Димески трет на Светската ранг листа

Со заслужено трето место на Светската ранг листа прилепчанецот Бојан Димески успешно чекори кон освојување на врвот на воздухопловното моделарство.

Успешниот член на Аеро Клубот „Прилеп” изминатиов викенд го освои првото место во категорија јуниори на светскиот куп „Anatolija world cup” што се одржа во Анкара, Република Турција што му го загарантира третото место на Светската ранг листа во воздухопловно моделарство.

Ова е четврта и најзначајна победа за Бојан оваа година, покрај освоените први места на „Sofija world cup”, „Prilep world cup” и „Macedonia world cup” со оваа победа се испиша историјата на македонското воздухопловно моделарство.

 

Димески, вели дека за прв пат од осамостојувањето на нашата држава некој од македонските моделари успева да се искачи толку високо на светската ранг листа што е многу значајно и за развојот и промоцијата на овој спорт но и за нашата држава.

За оваа година на Димески му престојат уште два купови од кои едниот во Словенија, а другиот во Швајцарија и можноста со подршка со институциите и компании кои го подржуваат развојот на спортот да го освои врвот и со тоа за прв пат Македонија да биде на врвот на Светската ранг листа во воздухопловни спортови.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија