Параглајдинг на Трескавец

Прилеп Опен 2014

Минатиот викенд бевме дел од првиот параглајдинг куп на единствениот Трескавец и буквално бевме во облаци…

Насмеани фацки, супер дружење, натпревар, рекреација, тандемче, музиче, сонце и адреналин. Поубаво здравје. Во организација на Општина Прилеп, УСАИД Македонија и клубот за параглајдинг Skyriders Prilep, Prilep Open 2014 е поддржан од Воздухопловната федерација на Македонија, Агенцијата за промоција и поддржка на туризмот, Red Bull Macedonia, хотел Монатана Палас и повеќе мали локални бизниси.

Параглајдингот како дел од големиот потенцијал што овој регион го има за авантуристички туризам привлекува се поголем број на посетители а и ние ви го препорачуваме ако сакате малку да осетите убаво адреналинче и да го запознаете овој уникатен предел. Обавезно посета на манастирот и отец Калист. Честото користење на деминутив во текстов е поради убавата енергија што се сподели на Трескавец. Ај да пробаме на вас како ќе делува видеово.