Прикаcка за Виз Ер Скопски Маратон

Ако нешто му лежи на Скопје, како на дланка тоа е маратонска трка, флет граунд, мајска идила, зеленило, спортски поткована младина и повозраснина што полека но сигурно ја кова најслатката спортска приказна во градот. 

Масовноста секоја година расте, а ние како организација правиме големи напори и го следиме во чекор развојот на Скопски Маратон за да овозможиме одлично спортско искуство што ќе се прераскажува цела година, кој за колку истрчал, каде ја надминал кризата, каде го стегнале патиките, плускавците, каде било гужва, имало транспаренти и се навивало..

Прв пат Скопскиот Маратон се одржува во 1997 година, а потоа и во 98 година и од тогаш е во пауза, се до 2007 година кога за радост на сите се возобновува. Од 2009 година Скопскиот маратон е члан на AIMS.

За успешна организација на маратонот секоја година се грижи Сојузот на спортови на Скопје.