Предизвик: 30 езера за 30 дена!

Америка е испреплетена со вештачки и природни езера кои се створени за долгометражна SUP авантура.

Проектот „30 езера за 30 дена” започна пред неполна недела, и ќе трае од почетокот до крајот на месец јули. И тоа од Алјаска до Колорадо!

Но и Македонија не е лишена од водни пејсажи, така што доколку сметате дека летово не ви е доволно динамично, може да прифатите ваков предизвик и во домашни услови. Ем ќе уживате во природа, ем ќе избегате од градските горештини.