Построги регулативи на Еверест

Во иднина, експедициите на Еверест ќе бидат повеќе мониторирани од страна на посебно тело формирано пред сè за подобрување и зголемување на безбедноста на највисоката планина на светот.

 

Непалските владини лица задолжени за оваа проблематика изјавија дека од наредната година ќе биде составен тим кој ќе има задача да ги контролира работите на базниот камп.

Нивната задача ќе биде да ги регулираат сите планинарски активности, мониторираат експедициските тимови, да ги координираат спасувањата и да го следат важниот еко проблем со ѓубрето.

Потегот е земен првично поради инцидентите кои се случуваат на падините, вклучувајќи ја и годинашната тепачка помеѓу планинарите и Шерпасите.

„Интегрираниот Сервисен центар“ исто така ќе има задача да ги обезбеди сите качувачи со комуникациони и безбедносни услуги.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија