Последниот човек што го заврши маратонот во Чикаго

Немаме поим кој заврши на првото место на маратонот во Чикаго, а искрено во оваа статија не е ни толку важно. Ние го знаеме последниот, човекот што маратонот кој почна во неделата во 8 часот, го заврши во понеделник сабајле во 1 или да не рачунате, за скоро 17 часа, бидејќи има ретка мускулна болест. Ама го заврши!

Маикел Меламед e од прилика 40,000тиот човек кој го заврши овој маратон, стигнувајќи на целта после 16 часа и 46 минути.

38 годишниот Венецуелец има ретка состојба која ја лимитира мускулната сила, па затоа му биле потребни повеќе од пола деноноќие за да стигне до целта. Тој тргнал во 8 часот и 20 минути во неделата, кога беше и официјалниот старт на маратонот, а завршил во 1 часот сабајле за време на вчерашниот ден (понеделник). 

Иако портпаролот на маратонот изјави дека времето на Меламед не е официјално измерено (бидејќи веќе биле отстранети сите часовници), никој не може, ниту пак смее да ги оспори напорите кои се вложени за овој човек да го заврши маратонот. 

Маикел не го прави ова за прв пат. Тој веќе ги има Чикаго, Њу Јорк и Берлин во неговиот тефтер на завршени маратони, а се надева дека ќе ги заврши и останатите два големи светски маратони – прво Токио, па Бостон. 

По завршувањето, на целната линија тој бил пречекан од неговата најблиска фамилија, а на репортерите изјавил: „Доколку сонуваш за нешто, направи го. Затоа што животот е најдобрата работа што ти се случила.“

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија