Наслов

Победници на манифестацијата Сајт на годината за 2016 година

Во присуство на околу двесте гости, во најголем дел креатори, сопственици, дизајнери, автори на содржините на голем број македонски веб-сајтови, во Македонската опера и балет на 24.12.2016 г. беа доделени наградите Сајт на годината за 2016 година.

Манифестацијата се одржа седма година по ред, во организација на дигиталната маркетинг агенција Медиа Солутионс која е сопстевник на платформата keepaneye.mk и основач на ИАБ Македонија, а со поддршка на Министерството за култура на РМ, Градот Скопје, Кожувчанка ДОО Кавадарци и голема помош на генералниот спонзор Витаминка АД Прилеп.

Сајт на годината низ годините прерасна во престижна манифестација, која има за цел да ги истакне и награди најдобрите сајтови во изминатата година во повеќе категории, и да го вреднува трудот на големиот број млади и талентирани автори од повеќе области кои работат во веб издаваштвото. 

Карактеристично за овој натпревар е тоа што македонските интернет посетители ги номинираат и гласаат за своите омилени сајтови на сајтот на манифестацијата. Оваа година своите гласови ги дадоа речиси десет илјади интернет посетители од Македонија, и за најдобар сајт го избраа Crnobelo.com. Добитниците во останатите категории се следните:



Најдобра мобилна апликација 

Трето место: Buzz 

Второ место: Grouper 

Прво место: Moj Vozduh

Храна и Здравје

Трето место: coolinari.mk

Второ место: sezahrana.mk

Прво место: kliknijadi.mk
 

Мода и Убавина

Трето место: stipka.com.mk

Второ место: divianarts.com

Прво место: teamoderna.com.mk
 

Автомобилизам

Трето место: koli.com.mk

Второ место: avtoportal.mk

Прво место: motocentar.com.mk
 

Туризам и Угостителство

Трето место: helloskopje.com

Второ место: exploringmacedonia.com 

Прво место: aurora.com.mk
 

Финансиски услуги, Банкарство и Осигурување

Трето место: silkroadbank.com.mk

Второ место: winner.mk

Прво место: nlb.mk
 

IT и Електроника 

Трето место: neptun.mk

Второ место: webstrian.mk

Прво место: setec.mk
 

Најдобар сајт за владини/државни институции

Трето место: dibra.gov.mk

Второ место: sep.gov.mk

Прво место: avrm.gov.mk
 

Најдобар сајт за невладини организации 

Трето место: ced.org.mk

Второ место: borka.org.mk

Прво место: ckrm.org.mk
 

Образование, Наука и Култура

Трето место: kupikniga.mk

Второ место: mob.mk

Прво место: seecinema.net
 

Е-трговија и огласи 

Трето место: reklama5.mk

Второ место: pazar3.mk

Прво место: grouper.mk
 

Најдобар корпоративен сајт

Трето место: cineplexx.mk

Второ место: sava.mk

Прво место: vrabotuvanje.com.mk
 

Најдобар мобилен сајт

Трето место: gol.mk

Второ место: grouper.mk

Прво место: mob.mk
 

Најдобар блог

Трето место: marketing365.mk

Второ место: blog.literatura.mk

Прво место: pravdiko.mk|
 

Најдобра facebook страница / група / профил

Трето место: panika.be

Второ место: Ina Mnogufina

Прво место: Lions District 132 MACEDONIA


Оваа година во категоријата за најдобра фејсбук страница / група / профил е доделена и специјална награда врз хуманитарна основа за фејсбук групата „Хуманитарна помош за поплавените семејства во Скопје“

 

Спорт 

Трето место: makrakomet.com

Второ место: sportclub.mk

Прво место: karas4training.com
 

Забава

Трето место: mojo.mk

Второ место: motika.com.mk

Прво место: kafepauza.mk
 

Вести и информации

Трето место: telma.com.mk

Второ место: alfa.mk

Прво место: 24vesti.mk
 

Најдобар дизајн

Трето место: kosula.mk

Второ место: 365.com.mk

Прво место: fashionel.mk
 

Најдобар Сајт за 2016 година

Трето место: fakulteti.mk

Второ место: grouper.mk

Прво место: crnobelo.com

 

26 Декември 2016

За авторот