Понуда: Летање со балон преку Еверест

23 години откако беше направено првото прелетување со балон на топол воздух над највисоката планина на светот, истиот човек, преку неговата туристичка компанија која нуди несекојдневни можности ја става на ценовник истава понуда. Место во балонот има за двајца (покрај пилотот), а цената е околу 2,5 милиони долари по човек. 

Во 1991 година Австралијанецот Крист Деврист (пилотот) и Лео Дикинсон (камерманот) станаа првите кои прелета преку Еверест со балон на топол воздух, проект за која што беше снимен документарец од страна на National Geographic во тоа време.

Денеска, истиот тој авантурист преку неговата компанија IfOnly ја нуди оваа исклучително интересна понуда за оние кои сакаат да се впишат како втори кои го направиле овој подвиг (со оглед што оттогаш никој друг го нема повторено ова), а цена за двете места на патешествието е околу 5,215,000 долари.

Клиентите кои би се пријавиле за авантурата најпрвин ќе бидат подложени на едномесечни припреми кои ќе се одвиваат во Непал и со евентуална добра временска прогноза заедно со Крис кој ќе е главен пилот на балонот би се обиделе да го направат подвигот. Она што е интересно е тоа што во договорот кој тие ќе го потпишат стои дека токму Крис има апсолутна моќ во одредување и оценување на психо-физичките можности на клиентите, кои всушност и активно се вклучуваат во пилотирањето на балонот.

Компанијата IfOnly која е во сопствност на Крис е позната по вакви несекојдневни, екстравагантни и луксузни понуди како на пример, тие нудат тенис часови со Андре Агаси и Штефи Граф (116,000 долари за четворица) или играње голф со Џери Рајс (71,500 долари за тројца).

Подолу го имаме целиот документарец за првото прелетување во 1991 година.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија