Поход за “прошетка” низ Ирското море

Крис Тод, 35 годишен маж од Велс тргна во експедиција да го изоди Ирското море со помош на гигантско тркало, наречено Tredalo. Траклото е конструирано лично од Тод, а тој се обиде да помине 106 километри (66 милји) низ отворено море.

За жал, планот да го помине цело Ирско море (тргнувајќи од Велс и пристигнувајќи на источниот брег на Ирска, јужен Даблин) не успеа целосно. Тешките временски услови го принудија Тод да ја прекине мисијата по поминати осум и пол часа и 42 километри (26 милји), соочувајќи се со проблеми со кормилото. За два дена пат, Тод успеа да согори околу 36.000 калории.

“Можев да го видам сјајот на облаците кои ја осветлуваа Ирска. Траклото успеа да совлада многу бранови, но на крај кормилото попушти пред нивната сила која беше со голема јачина”, изјави Тод.

Амбициозниот подвиг на Тод е наменет за хуманитарни цели, да се соберат пари за Wiltshire Blind Association и Rojal National Lifeboat Institution.

Инаку, според планираното, Тод требаше да оди 48 часа непрекинато, што би било исто како да истрча десет маратони едно по друго.