Поен на денот
Иако во мечот изгуби со ниеден добиен сет, тенисерот Џек Стоук ја разбуди публиката со неговиот екстра кул и фер потег.
По сервисот на Лејтон Хјуит судијата направи превид и досуди аут, а Џек му кажа на Хјуит дека топчето е во теренот, чисто ако сака да си побара „челинџ” (предизвик). Пријатно изненаден, Хјуит вика зошто да не, а предизвикот излегува точен.
Фер плеј на денот.