Поддржете го „Патот до Саргасовото Море”

Исто како што маратонците често „удираат во ѕид” за време на 42-километарската маратонска голгота, и Охридските јагули веќе долги години удираат во ѕидот на браните кои се наоѓаат на нивниот пат до местото на размножување – Саргасовото Море. Поддржете го проектот и луѓето кои трчаат за охридската јагула, и помогнете и на самата јагула. 

Проектот „Патот до Саргасово Море” започна минатата година како симболичен начин за подигнување на свеста за загрозениот вид на охридска јагула на чиишто пат се испречени повеќе брани по течението на реката Црн Дрим кои оневозможуваат таа да го продолжи својот природен пат на репродукција. 

Учесниците во проектот, најобични луѓе, љубители на трчањето се впуштија во редовно трчање и броење на изминатите километри со цел да стигнат што поблиску до просечната бројка на километри кои ги изминува самата јагула на нејзиниот пат до Саргасовото море каде се размножува. 

Покрај редовните тренинзи кои влегуваат во километражата, дел од учесниците на проектот минуваат и низ повеќе официјални маратони, како на Балканот, така и во Европа кои се на патот за Бермуда, близу местото каде се размножува овој вид. Досега истрчани се Охридскиот маратон, откаде се„ започна, потоа маратонот во Валенсија, Рим, а следен е Скопски. 

Hit the Wall е всушност акција за донирање на средства кои ќе го олеснат патувањето на еден од учесниците на проектот (оној со најмногу истрчани километри заклучно со мај) кој ќе отиде на маратонот во Хамилтон, Бермуда кој означува и своевиден крај на проектот. 

Поддршката што се бара од сите нас е симболична и трае до крајот на мај 2015. Sирнете и ако сте во можност пружете помош за овој убав еко-проект. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија