Почина последниот член од првата успешна Еверест експедиција

Почина George Lowe, последниот член на првиот успешен напад на џинот на светот, Монт Еверест.

Џорџ почина на негови 89 години а за време на експедицијата беше лидер за време на десет дневното качување на Лхотце, сè до South Col, односно преминот од Лхотце кон Еверест. 

После тоа, неговата работа беше да обезбедува поддршка за Хилари и Норгеј и целата експедиција, често борејќи се со снег до неговата половина. 

Тој беше првиот човек кој ги пречека Едмунд и Тензинг по искачувањето и кон него била насочена познатата изрека на Хилари: “Well, we knocked the bastard off!”. 

Џорџ е исто така познат по неговите фотографски вештнини со експедицискиот фотоапарат, Кодак Ретина II, бидејќи најголем дел од сите епски фотографии биле направени токму од него, откако официјалниот фоторепортер Том Стобарт се разболел од пнеумонија.