Победа за тенисерот Јотовски Томислав во Шарм Ел Шеик

Нашиот тенисер Јотовски Томислав, во маратонски меч кој траеше 4 часа и 30 минути, во второто коло на турнирот во Шарм Ел Шеик, го совлада Мароканскиот тенисер ИДМБАРЕК, Јасин (IDMBAREK, Yassine), кој е 698-ти на АТП листата.

 

Во сетови 6:4; 3:6; 6:4.

Мароканецот го има освоено турнирот во Шарм Ел Шеик 2 пати во неговата кариера.

Со ова коло, нашиот тенисер освои нов бод, вкупно 2 на овој турнир, и се пласира во 1/4 финалето на турнирот. Таму ќе се сретне со 5-тиот носител, Германецот Стивен Монеке (Steven Moneke), кој е 414-ти на АТП листата.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија