Ние џогираме маратони за доручек, а вие?

Во отсечените делови на северот од Мексико постои еден народ кој се верува дека во минатото успеал да побегне од Кортез и конкистадорите само затоа што туку така, им побегнале со трчање. И додека ние, обичните смртници едвај џогираме 5 или 10 на кеј, а атлетите се исцрпуваат со полу или цел маратон, племето Тарахумара ги трча Скопје – Гевгелија на регуларно ниво.

Племето Тарахумара или како што се нарекуваат Рарамури, во превод „луѓето кои трчаат“ се можеби единствените луѓе на планетава кои ја имаат можноста да трчаат огромни дистанци (80 до 160км. па и повеќе) за многу кратко време. 

И додека атлетите кои победуваат на маратоните и ултрамаратоните во глобалните спортски настани се великани и користат надчовечки моќи за исполнување на целта, членовите на ова племе (тоа значи сите, без разлика на пол или возраст) се во можност да истрчаат далеку повеќе од нив на регуларно ниво. Рекордот, ко за пример им бил од прилика 700км за 2 дена, па сега рачунајте.

Дали оваа суперчовечка моќ за трчање на огромни дистанци е резултат на консумацијата на чиа семките, заради пиењето на  пченкарното пиво, поради тоа што на времето предците им бегале од Кортез или пак затоа што ловеле дивеч на стариот добар начин со бркање по три дена, или пак можеби поради фактот што трчаат боси или по најобични гумени и кожени сандали дознајте од документарецот подолу.