Плановите на Килиан Жорнет за Еверест

Иако идејата на Килиан за поставување на брзински рекорд на Еверест пропаднаа во вода оваа 2015 година по катастрофалниот земјотрес што го зафати Непал, тој се уште го има овој проект на ум, па најверојатно, доколку условите дозволат ќе се обиде да го направи тоа наредната пролет. Во ова интервју тој дава негови гледишта за потфатот, некои детали за тоа како би се извел и многу повеќе.

Килиан Жорнет во последните неколку години претставува без сомнение најдобриот спортист во полето на планинското трчање и ски-планинарење со исклучително врвни достигнувања и рекорди на најразлични трки и брзински рекорди на планини и врвови како Матерхорн, Аконкагва, Денали, Мон Блан и многу други.

Во неговиот повеќе-годишен проект насловен Summits of my Life / Врвовите на мојот живот тој е во поход на поставување на брзински рекорди во качување и симнување на седум високи планински врвови на различни континенти. Досега од проектот тој ги има исполнето 4 врвови од зацртаните меѓукои и најбрзо време на Мон Блан, преминување на Мон Блан од Франција во Италија, Матерхорн, Аконкагва и Денали. 

Во проектот му остануваат уште Елбрус кој се издига на 5,640 м.н.в, а проектот треба да кулминира со обид за брзински светски рекорд на Еверест.

Во интервјуто за Треил Ранер Маг тој кажува нешто повеќе за овој подвиг кој го планира идната пролет доколку дозволат условите.

Подолу го пренесуваме оригиналното интервју чии што извор е од тука 


1. Дали ќе го пробаш потфатот за Еверест во 2016 година

Најверојатно, зависи од тоа дали Кина ќе пушти дозвола за искачување од страната на Тибет. Но најверојатно дека ќе пуштат, па и ние најверојатно ќе пробаме да одиме. 

2. Кажи ми нешто повеќе за плановите, логистиката и подготовките за подвигот

Рутата која сакам да ја пробам е од северната страна, Хорнбајн или Нортон зависно од условите 

(додаток од уредникот: Рутите Хорнбајн и Нортон се движат низ кулоари на северната страна од Еверест, во Тибет, а и двете досега биле качени многу малку пати. Најчестиот пристап на Еверест е од јужната страна во Непал. 

Планот е експедицијата да се направи многу „лесна”, без кампови, без шерпаси, без фиксни јажиња и со малку достава на опрема која претежно ќе си ја носиме самите. Ќе се оди со лесна опрема за качување, а тимот е составен од пет луѓе: Џорди Тосас и Короминас, кои се качувачи и Себ Монтаж и Вивиан Брушез качувачи и продуценти. 

За време на качувањето ќе се обидеме да бидеме први на некоја од тие рути, па така би биле само ние, без претходно пробиен пат и се разбира без кампови за логистика. 

Тренингот за ваква работа е сосема различен (од трчањето). Во последниот период се качувам многу почесто, особено качување на мраз, а тука исто така е важна и висинската аклиматизација. Целта е да се качи Еверест со минимална опрема, без надворешна помош, само со ранецот што можеме да го наполниме од дома. 

3. Врвот Елбрус во Русија е последниот нефиниширан дел од проектот настрана од Еверест. Дали имаш планови за него во догледно време?

Да. Таму се организиарат две трки секоја година, во мај и септемвро. Би сакал да отидам. 

4. На 4 јули го постави рекордот на трката Маунт Маратон, стрмна, многу техничка 5 километарска трка во Алјаска. Недела после тоа го постави рекордот на Хардрок 100, исто така стрмна и техничка трка долга 160 километри во Колорадо. Како го адаптираш тренингот за да бидеш спремен на волку различни дистанци во толку краток период?

Не се нешто многу-многу трудам да тренирам специфично во текот на годината. Се обидувам да се одржам во добра кондиција цело време, а потоа од моето искуство знам кога да се одморам, или кога да направам еден или два специфични тренинзи. 

Имам добри предиспозиции уште од дете, а досега ми било многу важно добро да се опоравувам од трките. Секогаш е полесно да се опоравиш од кратки трки наместо од долги, а важно е и да не правиш премногу долги трки, ако сакаш добро да котираш на кратките. 

5. Досега имаш доста трки – Вестерн Стејтс, Хардрок, УТМБ, Рут – трки за кои многу планински тркачи сонуваат. Исто така имаш трчано на напознатите светски врвови и патеки. Дали има некои други останати на листата? Што е со големите врвови и брзинските рекорди? 

Листата секогаш расте од ден за ден кога ќе видиш некоја планина, долина, слика или линија, нова трка – но не секогаш се има време. Проекти има многу ама проблемот е да одбреш кои ќе ги правиш. 

6. Некои луѓе, барем јас така мислам, имаат некоја митска претстава за тебе како некој што живее на бобинки и топен снег и никогаш не ги напушта планините. Се разбира, тоа не е се што ти правиш. Па кажи ни нешто за твоето слободно време, што правиш кога не трчаш, качуваш, скијаш, тренираш т.е. кога не си во планините?

Не сум најдружељубивиот човек. Не сакам да трошам многу време во градот. Најчесто со пријателите одиме да качуваме или да трчаме. Кога имам слободно време читам, работам на моите нови проекти, помагам во создавањето на нова опрема и работам на фотографија. 

7. Ти и Емили Фростберг го одржавте втората по ред Тромсо Скајрејс во Норвешка на крајот од јули. Дали организирањето на трка ти промени дел од размислувањето за трчање и натпреварување. 

Беше супер да бидеш на другата страна од спортот, да погледнеш од друга перспектива. Сакавме да направиме трка со идејата дека го сакаме трчњето во техничка смисла, со многу беспаќа и тешки делови. 

8. Дали се гледаш себеси како се повлекуваш од натпреварувчкиот спорт?

Секако, тоа е како да качуваш планина, ја качуваш нагоре, ама исто така и надоле – а најважно е да разбереш дека симнувањето надолу е најтешкиот дел. Ќе продолжам да уживам во планините и во моментите додека не се натпреварувам. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија