Планинско трчање околу езерото Гратче

Пријавите се веќе отворени за новата кратка трка во треил трчање во Македонија која ќе се одржи на прекрасните осоговски падини. „Градче Треил Ран” го става Кочани и Осоговските планини на мапата на трки во планинско трчање во Македонија. 

Трката „Градче Треил Ран” ќе се одржи на почетокот на овој декември – 03.12.2017 со старт од Еуро хотелот Градче – кај браната која се наоѓа на некои 4-5 километри од градот Кочани. Должината на патеката ќе биде 11 километри со 500 метри висинско искачување и истата минува низ некои од најживописните предели на овој дел од Осоговските планини – околу езерото Градче, селата Горно и Долно Градче, водопадот во непосредна близина и локалитетот Мактеон. 

На средина од патеката ќе биде поставена освежителна станица и контролен пункт за мерење на времето. Стазата е погодна за сите почетници и рекреативци кои би сакале да го искусат планинското трчање, но и за поискусните кои можат да се натпреваруваат со побрзо темпо. 

Пријавите се веќе отворени, а котизацијата ќе изнесува 100 денари. 

Организацијата е од страна на локалните ентузијасти за спортско-рекреативни активности од Кочани – „МТБ Исток” заедно со логистика од здружението TREX кое активно работи на промоција, организација и поддршка на трки во планинско трчање. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија