Планинари од ПСД Макпетрол го искачија Ерциес

Група планинари од ПСД Макпетрол заедно со неколкумина од српското планинарско друштво Балкан вчера на 28.10.2015 го искачија врвот Ерциес 3916м.н.в. кој е највисок врв во централна Турција. 

Ерциес претставува планина која се наоѓа во централниот дел од Анатолиското плато т.е. во древниот регион на Кападокија во близина на градот Кајзери. Планината претставува изгаснат стратовулкан а нејзиниот највисок врв се извишува на висина од 3916 метри над морето и претставува највисок во регионот. Тој го гради масивот Анти-Таурус кој се протега североисточно од масивот Таурус во провинцијата Ниде.

Тимот на ПСД Макпетрол заедно со планинари од српскиот ПД Балкан изминатиов период беа на присутни во Кападокија и правеа аклиматизациони искачувања на други повисоки врвови, а вчера, на 28.10.2015 успеаја да се искачат на Ерциес. 

Тркачите на TREX пак, здружение кое е огранок на ова планинарско друштво во изминатиот викенд учествуваа во ултра-маратонот Кападокија Ултра-Треил каде сите претставници ги завршија своите трки.

Според грчкиот филозоф и географ Страбо, моќниот Ерциес во тоа време бил постојано покриен со снег, а тие малкумина кои успеале да го качат можеле да го видат Црното Море на север и Средоземното во правец југ. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија