ПјонгЧанг- берба на медали

Игрите во ПјонгЧанг го имаа своето финале. По двенеделната програма на 23те ЗОИ, табелата на најуспешни нации и спортисти изгледа прилично шаренолико. Овие игри дефинитивно ќе остават длабока трага во олимписката историја и олимписките рекорди.

Олимписките игри во себе го содржат мотото „Важно е да се учествува”, но на крајот на денот престижот и борбата за медали е она што е сон за секој спортист и е главната причина за големата гледаност на сите игри. Можеби на игрите во ПјонгЧанг им претходеа низа проблеми кои директно или индиректно можеа да влијааат на севкупниот впечаток, но сепак одличните услови за натпреварување, совршените терени и компетитивноста на спортистите направија овие игри да останат запаметни како едни од најуспешните.

По 14 дена активно натпреварување, „само” 29 земји се закитија со олимписко одличје. Најуспешна земја на олиписките игри е Норвешка со вкупно 39 медали што е нов рекорд по број на освоени медали на едни игри. Спортистите од оваа скандинавска земја успеаа да освојат дури 14 златни медали, 14 сребрени и 11 бронзени медали, или севкупно еден медал повеќе од претхнодниот рекорд на Германија.

Втора на табелата е Германија со 14 златни, десет сребрени и 7 бронзени медали или вкупно 31, додека пак трета по успешност е репрезентацијата на Канада со 29 медали од кои 11 златни, 8 сребрени и 10 бронзени медали.

Листата на најуспешни ја комплетираат: САД, Холандија, Шведска, Кореа, Швајцарија, Франција и Австрија.

На индивидуален план, најуспешни спортисти се Норвежанецот Јоханес Клаебо (крос кантри) од Норвешка и Мартин Фуркад (биатлон) од Франција кои се зактија со по три златни медали. Во женска конкуренција пак најуспешна беше Марит Бјорген од Норвешка (крос кантри) со дури 5 медали и тоа две злата, едно сребро и 2 бронзи.
Зимските олимписки игри остануваат на азискиот континтент. Следен домаќин на 24те ЗОИ во 2022 година е Пекинг.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија