Пионерите на планинскиот велосипедизам

Денеска ако немаш „Деоре” шифтери, „Рок-шокс” амортизер и што ти ние знаеме какви хидраулики и дискови на кочниците, тогаш исто како и да немаш велосипед, во превод, маунтинбајк индустријата има толку многу пораснато што веќе не знаеме каде се границите на помодарство и реална потреба за практикување на еден прилично едноставен спорт. А замислете како им било на вистинските хард-кор момци – пионери во спортот кои возеле со нивните никакви железни точачиња со екстремно зезнати преноси и опреми во зародишот на она што сега скоро секој од нас го практикува… 

Секако дека современата опрема е голема предност и олеснителна околност за уживање во спортовите како што е планинскиот велосипедизам, но имајте на ум дека велосипедот не ги врти педалите сам… И уживајте во спортот… 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија